ПРЕТПЛАДНЕ СОНЦЕ, ПОПЛАДНЕ ДОЖД Какво време е пред нас?

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

146

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Попладнево нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи имало во западните планински региони, во Охридско-Преспанскиот регион и во Пелагонија.

Според најавите, времето и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Од УХМР велат наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.






Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови, пак, ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Од вторник ќе биде стабилно, претежно сончево со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Поврзани содржини