ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ ЗНАЕШЕ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ТЕРОРИСТИ, АМА НЕ ПРЕЗЕДЕ НИШТО Се занимаваа со следење на Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ
Службите имале информации за терористичките структури, но изостануваше акциј, затоа што наместо да се занимаваат со тоа што им е работа, службите се занимаваа со следење на опозицијата,
Tерористичките ќелии се опасност за државата и не носат ништо добро, а безбедносните служби успешно презедоа мерки и активности за нивно сузбивање, рече вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Алфа.
– Секој обид да се релативизираат тие лица, односно нивните активности не ѝ носи добро на државата. Сите што се малку поупатени во оваа проблематика знаат дека целта на терористите, односно на таквите активности, е со помалку средства, човечки ресурси, да се постигнат одредени стратешки цели, па дури и политички цели. Најчесто се работи за политички цели, коишто ќе влијаат на одредени политички одлуки во понатамошниот тек. Она што јас го знам, станува збор за исклучително млади лица, кои се саморадикализирале и станале дел од таа групација на ИСИС – рече Ковачки.
Тој наведе дека претходната власт оставила дамка на целокупниот безбедносен систем. Знаела информации за таквите структури, но и покрај тоа немало дејствување од страна на службите за решавање на проблемот. Наместо тоа, тие се занимавале со бесмислено следење на членови од ВМРО-ДПМНЕ и издавање на пасоши на лица кои се занимавале со криминал и корупција, без да се даде приоритет на безбедноста и мирот во државата.
– Службите имале информации за таквите структури, меѓутоа изостануваше акција. А зошто изостануваше акција? Затоа што во изминатиот период службите наместо да се занимаваат со тоа што им е работа, тие се занимаваа со следење на опозицијата, со следење на лидерот на опозицијата, во тоа време господинот Христијан Мицкоски, се занимаваа со следење на раководството на партијата. Тие не алармираа и не ги идентификуваа потенцијалните опасности кога се издаваа пасоши на секакви атентатори, на лица инволвирани во тешки криминални активности – изјави Ковачки.
Сега ситуацијата е сосема поинаква, додаде тој, благодарение на новата Влада која суштински се занимава со проблемите во државата за целосно искоренување на сето она што ја нарушува безбедноста на граѓаните. Ковачки вели дека е за поздравување акцијата која е спроведена од страна на МВР за конечно разбивање на терористичките групи.
– Сега гледаме еден квалитативен исчекор, за само шест месеци службите организирано идентификувале, преземени се акции од МВР и можеме да видиме дека е постапено по тие информации. Тоа е за поздравување. Вакви ситуации и случаи имало и во минатото, но со напредокот на технологијата, напредуваат, за жал, и некои радикални идеологии – рече пратеникот Ковачки.нам