ПРЕТЕРАЛ СО ПОСТЕЊЕ И УМРЕЛ! Свештеник се обидел да пости како Исус
Во критична состојба пасторот бил префрлен во болница во градот Беира, каде му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење.
Пасторот Франциско Бараја од Мозамбик починал откако се обидел да пости 40 дена, по примерот на постот на Исус опишан во евангелијата.
Бараја (39), кој воедно е и основач на Евангелистичката црква Санта Триндад, починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, каде му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење. Тој 25 дена не пиел вода и не јадел ништо.
Бараја, исто така, бил учител по француски јазик во градот Месика во централната провинција Маница, на границата со Зимбабве.
Членовите на црквата Санта Триндад изјавија дека не е невообичаено свештеникот и неговите следбеници да постат, но не толку долго.