Претепани и преплашени Белоруси пред камера ветуваат дека нема повеќе да протестираат против Лукашенко (ВИДЕО)

Ова се случува во Европа во 2020-та година. Едноставно грозно, пишува Кокчаров на Твитер.

2,289

Белорускиот аналитичар Алекс Кокчаров на социјалната мрежа Твитер објави видео од група млади луѓе со лисици на рацете кои ветуваат дека повеќе никогаш нема да протестираат против белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Во Белорусија, државната телевизија покажува очигледно преплашување на уапсените демонстранти. Веројатно се претепани пред јавното ветување дека никогаш повеќе нема да учествуваат во протести против Лукашенко. Ова се случува во Европа во 2020-та година. Едноставно грозно”, пишува Кокчаров на Твитер.






Поврзани содржини