ПРЕТЕПАН И ТЕШКО ПОВРЕДЕН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУДВА Го нападнале гангстер и членови на партијата на собранискиот спикер

Претседателот на Општина Будва, Никола Јовановиќ, завршил во болница со тешки повреди по нападот што се случил кај градскиот базен во Будва, а за кој се осомничени тројца браќа – еден од нив е заведен член на организирана криминална група, додека, пак, другите двајца припаѓаат на партијата Нова српска демократија.

1,003

Претседателот на Општина Будва, Никола Јовановиќ, бил претепан во Будва. Според информации од Управата на полицијата, врз него напад извршиле тројца мажи, објави Мондо.

Во нападот, Јовановиќ се здобил со тешки телесни повреди.






Тој потврдил дека се наоѓа во болницата во Котор, но не сакал да изнесе повеќе детали.

Според неофицијални информации, Јовановиќ бил нападнат утринава кај градскиот базен, додека седел со пријатели.

Првичните податоци од истрагата покажуваат дека полицијата трага по тројца браќа, од кои едниот е заведен како член на организирана криминална група.

Другите двајца се членови на партијата Нова српска демократија, чијшто лидер е Андрија Мандиќ – воедно и претседател на Собранието на Црна Гора.

Поврзани содржини