ПРЕСВРТ ВО САГАТА „ЕПШТАЈН“ Американското министерство не ги објави сите документи, Демократите бесни
Иако законот во САД побарува тамошното Министерство за правда да ги објави сите досиеја до денес, демократскиот лидер Чак Шумер го обвини Трамп дека намерно го прекршува законот потпишан токму од него. Ова е обид да се скрие вистината, рече тој, барајќи итна интервенција на Конгресот.
Министерството за правда на САД го одложи целосното објавување на „Епштајновите досиеја“, предизвикувајќи жесток политички судир меѓу демократите и републиканците. Дел од документите, според најавата на заменик-државниот обвинител Тод Бланш, ќе бидат достапни уште вечерва, но остатокот – дури во следните недели.
– Ќе објавиме неколку стотици илјади документи од сите истраги поврзани со Џефри Епштајн – изјавил Бланш, појаснувајќи дека приоритет е заштитата на жртвите. „Секое име и секој идентитет мора да остане безбеден.“
Иако законски Министерството е обврзано да ги објави сите досиеја до денес, демократскиот лидер Чак Шумер го обвини Трамп дека намерно го прекршува законот потпишан токму од него.
– Ова е обид да се скрие вистината – рече тој, барајќи итна интервенција на Конгресот.
Пратеникот Томас Маси, еден од авторите на Законот за транспарентност, се огласи на мрежата Икс:
„Времето истече. Објавете ги документите. Ако нема имиња на мажи обвинети за сексуални злосторства, значи нешто е скриено“.
Демократите Роберт Гарсија и Џејми Раскин најавија тужба против администрацијата, тврдејќи дека Министерството „свесно ги крши федералните обврски и го заштитува кругот на моќни соучесници“.
Во меѓувреме, Одборот за надзор во Конгресот објави нови фотографии од имотот на Епштајн – патни документи, дневници и архиви што наводно покажуваат контакти со јавни личности, без наведување на контекст. Републиканците реагираа дека „сликите без докази се политички театар“.
Демократите во надзорниот комитет на Претставничкиот дом објавија нова серија фотографии без датум и без наслов. Фотките вклучуваат стихови од Лолита напишани на женско тело и ги прикажуваат познатиот милијардер Бил Гејтс и познатиот интелектуалец Ноам Чомски.
Законот „Epstein Files Transparency Act“, усвоен со двопартиска поддршка во ноември, бара Министерството да ги објави сите некласифицирани материјали во рок од 30 дена.