ПРЕСВРТ ВО ГЕРМАНИЈА, МЕРЦ НЕ ГИ ДОБИ ПОТРЕБНИТЕ ГЛАСОВИ За првпат во историјата земјата не успеа од прва да избере канцелар

Иако се сметаше за сигурен, првиот обид за избор на Фридрих Мерц за нов канцелар на СР Германија во Бундестагот пропадна. Новата владина коалиција не успеа да го обезбеди потребното мнозинство од 316 гласови.

1,114

За шест гласа не успеа првиот обид Фридрих Мерц да биде избран нов канцелар на Германија утринава, 6 мај, во германскиот Бундестаг. Првпат во историјата на Германија се случува земјата да не избере канцелар.

Пратениците имаат 14 дена да изберат канцелар со мнозинство, а во спротивно германскиот претседател потоа, во рок од 7 ќе мора да го распушти Бундестагот и да одржи нови избори.






Удар за Демохристијаните (ЦДУ) на Мерц доаѓа како шок откако претходно медиумите во Германија опишуваат дека Мерц е сигурен. Коалицијата на Мерц со Христијанската социјална унија (ЦСУ),која делува само во Баварија и левоцентристичките Социјалдемократи (СПД) – има 328 места во 630-члениот Бундестаг, долниот дом на германскиот парламент.

Иако се сметаше за сигурен, првиот обид за избор на Фридрих Мерц за нов канцелар на СР Германија во Бундестагот пропадна. Новата владина коалиција не успеа да го обезбеди потребното мнозинство од 316 гласови.

Шокантниот резултат е голем неуспех за Мерц, чија идна коалиција – составена од Христијанските демократи (ЦДУ), Христијанската социјална унија (ЦСУ)

Главната задача на новата влада ќе биде да го запали германскиот економски мотор, што претрпе две последователни години рецесија по руската инвазија врз  Украина.

За да се поттикнат инвестициите, коалицијата е подготвена да им дозволи на компаниите да исклучат 30 отсто од нивните инвестиции од оданочување во следните три години, додека данокот на добивка на претпријатијата постепено ќе се намалува од 2028 година.

Коалицијата вети дека ќе ги одржи граничните контроли и ќе ги врати нелегалните мигранти на границата, дури и ако аплицираат за азил. Но, овој потег ќе биде преземен „во координација со нашите европски соседи“, се наведува во договорот.

Коалицискиот договор ја потврдува посветеноста на партиите кон Европската Унија, НАТО и трансатлантското економско партнерство со САД, и покрај агресивните трговски политики на Трамп.

Во одбраната, новата администрација сака да создаде програма за доброволна воена служба врз основа на шведскиот модел, речиси 15 години откако земјата ја суспендираше регрутацијата.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел беше меѓу неколкуте специјални гости кои од галеријата на парламентот го следеа изборот на конзервативецот Мерц за канцелар, јави ДПА.

Меркел и Мерц, двајцата членови на Демохристијаните ЦДУ, се скараа откако Меркел го доби водството на партијата во 2002 година, а Мерц постепено се повлече од политиката за да продолжи кариера во корпоративното право пред да се врати по пензионирањето на Меркел во 2021 година.

Меркел во февруари му честиташе на својот поранешен противник за неговата победа на изборите и му посака „среќа“, потсетува ДПА.

Поврзани содржини