ПРЕСУДАТА ЗА „ФАЈЗЕРГЕЈТ“ ОВАА НЕДЕЛА МОЖЕ ДА ГО НАРУШИ УГЛЕДОТ НА ЕУ Тешки денови за првата жена на Европската комисија
Дали ја прашаа директно Фон дер Лајен за пораките? Дали ѝ го проверија телефонот или сметките? Дали го прашале нејзиниот раководител на канцеларија? Пресудата за „Фајзергејт“ може да биде преседан за угледот на ЕУ во поглед на транспаранетноста на нејзините институции.
Првата жена на ЕУ Урсула фон дер Лајенс се соочува со тешки денови и можна сенка врз нејзината кариера и новиот петгодишен мандат, откако беше објавено дека оваа недела ќе се знае завршницата за аферата Фајзергејт во која таа е една од осомничените.
Фон дер Лајен е на тапет во судски спор инициран од „Њујорк тајмс“ за текстуалните пораки кои ги разменувала со завршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, за време на преговорите за набавка на вакцини против Ковид-19.
Суштината на случајот е дали овие пораки треба да се третираат како официјални документи и да бидат достапни за јавноста. Се смета дека пораките се клучни за да се разбере процесот на донесување одлуки во набавката на вакцините.
Европската комисија тврди дека текстуалните пораки се „краткотрајни“ и дека не се предмет на објавување, додека критичарите, вклучувајќи ја и Европската омбудсманка Емили О’Рајли, ја обвинуваат за лошо управување и недостаток на транспарентност.
Овој случај има потенцијал да постави преседан за тоа како ЕУ ги третира дигиталните комуникации во контекст на транспарентноста и отчетноста.
Случајот исто така ги истакнува предизвиците со кои се соочува фон дер Лајен во нејзиниот втор мандат, особено во контекст на растечката критика за централизација на моќта и за отстапување од еколошките обврски.
Дали ја прашаа директно Фон дер Лајен за пораките? Дали ѝ го проверија телефонот или сметките? Дали го прашале нејзиниот раководител на канцеларија?
– Сè уште не знаеме што се случило со телефонот на Фон дер Лајен и дали пораките биле разменети преку лаптоп или некој друг уред – изјави Бондин Клостра, според која е многу разочарувачки колку неподготвена“ била претставничката на Комисијата за време на сослушувањето.
Во март, главната европска обвинителка Лаура Ковеси потврди дека нејзината канцеларија неодамна ги испрашувала претставниците на Комисијата за начинот на кој се воделе преговорите за вакцините.