ПРЕСУДАТА ЗА АСАНЖ Е ПОЛИТИЧКА МЕСТЕНКА Експертите велат дека со ова се заплашуваат другите новинари
Сакаат да направат пример од него. Нивната намера е да ги спречат другите да објавуваат тајни владини документи како Асанж, додаде Мелцер.
Политички е мотивирана пресудата Асанж да биде екстрадиран во САД од Велика Британија, која денеска беше обзнаена во медиумите, смета Нилс Мелцер, специјалниот известувач на ОН за спречување тортура, јавува МИА. Иако претходно судот беше одлуил дека Асанж не може да биде екстрадиран поради неговото кревко здравје, денеска тоа се смени и жалбата на САД беше уважена.
– Ова е неуспех на британското правосудство. Можете да мислите што сакате за Асанж, но неговата состојба не е таква да биде екстрадиран – изјави Мелцер за ДПА, мислејќи на „политички мотивирана пресуда“.
– Сакаат да направат пример од него. Нивната намера е да ги спречат другите да објавуваат тајни владини документи како Асанж – додаде Мелцер.
Асанж (50) се бара во САД под обвинение за наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана, откако „Викиликс“ објави стотици илјади документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.
Известувачот на ОН ја критикуваше „Западната безбедносна коалиција“.
– Никој од нив не сака да го види Асанж на слобода бидејќи сакаат да го заштитат моделот на тајност – рече Мелцер.
Тој последен пат лично го видел Асанж во мај 2019 година во затвор во Лондон. Сепак, специјалниот известувач на ОН е во контакт со луѓе од блиското опкружување на Асанж.