ПРЕСТРЕЛКИ КАЈ ЕЗЕРОТО ГАЗИВОДА Нема информации за повредени
На северот на Косово, во општините Звечане, Лепосавиќ и Зубин Поток, каде што живее мнозинството од српското население, денеака беа поставени барикади на повеќе локации како реакција на апсењето на Србин кој бил дел од косовската полиција.
Престрелки меѓу косовската полиција и Србите кои поставија блокади на северот на Kосово. Косовската полиција соопшти дека лица што ги блокирале патиштата на северот на Косово од различни локации трипати пукале во полициските единици кај вештачкото езерото Газивода, односно на пат кон граничниот премин Брњак.
„Полициските единици во самоодбрана беа принудени да одговорат со огнено оружје против криминални лица или групи, кои заминаа во непознат правец. Исто така, според информациите од полициските единици на терен, се слушнале истрели на повеќе различни локации“, се вели во полициското соопштение.
Нема официјални информации за повредени или евентуална штета.
Во општините Звечане, Лепосавиќ и Зубин Поток, каде што живее мнозинството од српското население, денеска беа поставени барикади на повеќе локации како реакција на апсењето на Србин кој бил дел од косовската полиција.