ПРЕСТРЕЛКА НА ТЕРЕНОТ ЗА ГОЛФ НА ТРАМП Тој е безбеден, не бил во опасност

Поранешниот претседател, како што пренесе Си Ен Ен, денеска играл голф во Интернационалниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич. По инцидентот клубот бил веднаш затворен.

384

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп е безбеден откако во негова близина имало истрели од огнено оружје, соопшти вечерва неговиот изборен штаб, објави Си Ен Ен.

– Претседателот Трамп е безбеден по истрелите во неговата близина. Засега нема повеќе детали – изјавил портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг.






Поранешниот претседател, како што пренесе Си Ен Ен, денеска играл голф во Интернационалниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич. По инцидентот клубот бил веднаш затворен.

Њујорк пост, повикувајќи се на полициски извори, објави дека имало престрелка меѓу две лица пред неговиот голф клуб во Флорида.

Весникот наведува дека Трамп не бил во опасност поради иницентот.

Доналд Трамп беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули.

Поврзани содржини