Престрелка на новиот булевар во Бутел
Според непотврдени информации, станува збор за престрелка меѓу две групи поврзана со инцидентот што се случи во хотелот „Александар Палас“.
Новоотворениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел во моментов е затворен од полициски специјалци по престрелка која се случила пред половина час на булеварот, јавува 24 Инфо.
Неофицијално, било пукано од возило во движење во друго возило, но најверојатно нема повредени.
Според непотврдени информации на порталот, станува збор за престрелка меѓу две групи поврзана со инцидентот што се случи во хотелот „Александар Палас“.
Од МВР за порталот потврдиле дека имало пукање, но детали за инцидентот допрва ќе дадат.
Во 17.47 час. О.И. пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош “новиот дел после подвозникот од десната страна , од 2 ПМВ едното „фолксваген пајтон“ сива боја и ПМВ „ауди 4“ црна боја, во правец на О.И. од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје но никој не бил повреден ,(пријавителот посочил дека препознал дел од напаѓачите). Се работи на расчистување на случајот.