ПРЕСТРЕЛКА НА АВТОПАТ ВО ПРЕДГРАДИЕ НА ЕРУСАЛИМ Едно лице загина, а 8 се повредени

Престрелката се случила во близина на населбата Маале Адумим ,а како што наведе полицијата е предизвикана од терористи.

189

Едно лице загина, а 8 се повредени синоќа во пукотница на автопат во предградието на Ерусалим, соопштија властите.

„Двајца од повредените се уште се во тешка состојба“, соопшти израелската Национална служба за итни случаи и медицинска помош (MDA).






Престрелката се случила во близина на населбата Маале Адумим ,а како што наведе полицијата е предизвикана од терористи.

„Тројца терористи кои пристигнале со возило, излегле од возилото и почнале да пукаат со автоматско оружје кон возилата кои стоеле во колона на патот кон Ерусалим“ – се наведува во соопштението.

Безбедносните сили „неутрализираа“ двајца напаѓачи на местото на настанот и уште еден „кој се обиде да избега“, се додава.

Жртвите се здобиле со „различни повреди“ и биле евакуирани за медицинска помош.

Поврзани содржини