📽 „ПРЕСТАРА СИ ЗА ОВА, СРАМОТА!“ Хали Бери и нејзиното момче со играчка за возрасни, голи во кревет
Холивудската актерка Хали Бери го честиташе Денот на мајките со бизарно видео.
Хали Бери (58) не престанува да ги полни насловните страници овие денови и тоа со добра причина. Од појавувањето на Мет Гала во провокативен фустан, до нејзиниот последен испад на социјалните мрежи, убавата актерка никогаш не престанува да шокира – а фановите имаат што да кажат.
Имено, на Светскиот ден на мајките, Хали Бери преку својот инстаграм-профил сподели контроверзно видео со своето момче, чија содржина предизвика спротивставени мислења и бурни реакции од јавноста.
Само неколку часа претходно, Хејл сподели со своите следбеници фотографија на која позира на плажа со синот и ќерката, со опис:
– Среќен Ден на мајките на сите прекрасни мајки низ целиот свет! Денеска го славам прекрасниот хаос, длабоката љубов и длабоката привилегија на мајчинството. Овие двајца ми значат сè.
View this post on Instagram
Потоа, таа објави видео во кое објаснува како го поминува Денот на мајките на „кански начин“, грижејќи се за себе и за сопствената нега.
Сепак, она што следеше истиот ден навечер предизвика бурни реакции кај фановите – а во прашање е видео во кое Хали и нејзиното момче Ван Хант (55) се обраќаат од креветот.
Двајцата, завиткани во ќебе под кои изгледаат како да се целосно голи, им се обратија на следбениците на актерката со кикотење и смеење.
– Па, ви реков како ми започна денот. Како започна мојот Ден на мајката. А сега ќе ви кажам, нема да ви покажам, ќе ви кажам како ќе заврши мојот Ден на мајките. Зарем не, душо? – рекла Хали, обраќајќи му се на својот партнер на крајот.
– Да, и би сакал да побрзаш – одговорил тој, додека Хали се кикотела.
View this post on Instagram
Она што особено ги „вознемири“ нејзините следбеници беше фактот дека во тој момент актерката држеше шишенце со лубрикант во раката.
– Прво, го добивме нашето „Let’s Spin“ бидејќи „Let’s Spin“ штотуку излезе во оваа слатка мала големина за патување, па бидејќи сме во Кан, Франција, ова е првпат да патувам со него. И ние сме на прагот да го пробаме – продолжи таа да зборува за производот, кој очигледно се обиде да го рекламира на овој начин.
Набрзо Хали Бери се најде на удар на критики за провокативната објава.
Еден корисник на социјалната мрежа Икс напиша: „Знаев дека ќе дојде време кога ќе морам да престанам да ја следам…“.
„Престара си за ваков вид видео, душо“, гласеше друг коментар на Икс, додека трет корисник едноставно напиша: „Срамота“.