ПРЕСТАНЕТЕ ДА ИМ КАЖУВАТЕ НА ДЕЦАТА ДЕКА ПОДАРОЦИТЕ СЕ ОД ДЕДО МРАЗ! Мислете на оние на кои нема да им донесе ништо

Ако сите деца веруваат во тој Дедо Мраз, а едното дете добие сосема нов ајпод од „Дедо Мраз“, а другото, бонбони или дури ниту тоа, што ќе ги наведе децата да веруваат и да мислат, се прашува една мајка. Ве покануваме да ги споделите вашите искуства и мислења на оваа тема: дали е во ред да му кажете на мало дете дека Дедо Мраз не постои или не е во ред? Што им кажувате вие на вашите деца?

207

Мишел е мајка од САД на која, како што вели, отсекогаш ѝ пречело тоа што децата се охрабруваат да веруваат во Дедо Мраз, а во исто време се знае дека некои родители не можат да им дадат на своите деца онолку колку што очекуваат.

„Му кажав на моето тригодишно дека Дедо Мраз е само човек што се преправа. Имено, ако сите деца веруваат во тој дедо, а тогаш едно дете добива сосема нов ајпод од „Дедо Мраз“, а другото едноставно добива бонбони, што ќе ги наведе ова децата да веруваат и да си мислат?“, се запрашала оваа мајка.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини