ПРЕСРЕТНУВАЧ ГО „УЛОВИ“ СО 178 КМ/ЧАС Радовишанец со „мерцедес“ дивеел на патот Штип-Радовиш

Контролата се случила во 18:55 часот на експресниот пат Штип–Радовиш. Полициски службеници од Мобилната единица со помош на специјално возило пресретнувач ја измериле брзината кај патничко возило „мерцедес“ со скопски таблички. Против возачот П.К.(33) од Радовиш се преземени соодветни мерки.

366

Возило-пресретнувач на МВР измери брзина од 178 километри на час на експресниот пат Штип–Радовиш. Возач од Радовиш бил санкциониран затоа што возел далеку над дозволените 110 км на час надвор од населено место, информираше Министерството за внатрешини работи.

„Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди“, предупредуваат од МВР.






Контролата се случила во 18:55 часот на експресниот пат Штип–Радовиш. Полициски службеници од Мобилната единица со помош на специјално возило пресретнувач ја измериле брзината кај патничко возило „мерцедес“ со скопски таблички.

Против возачот П.К.(33) од Радовиш се преземени соодветни мерки.

Од МВР најавуваат засилени контроли и во наредниот период.

Поврзани содржини