ПРЕСЕЧЕНИ СИТЕ ПАТИШТА ДО ЛИСИЧАНСК Украинците пробале да избегаат, рафинеријата е под руска контрола

Сите главни транспортни рути до и од Лисичанск се под контрола на руските и силите на ЛНР, така што е невозможно тие да го напуштат џебот на Лисичанск, напиша Мирошник на својот канал на Телеграм.

739

Сите главни транспортни рути кои водат до и од Лисичанск и целата територија на најголемата рафинерија за нафта во тој град во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) се под контрола на руските сили, соопшти денеска амбасадорот на ЛНР во Москва, Роџон Мирошник, пренесува Б92.

„Сите главни транспортни рути до и од Лисичанск се под контрола на руските и силите на ЛНР, така што е невозможно тие да го напуштат џебот на Лисичанск“, напиша Мирошник на својот канал на Телеграм.






Според него, украинските сили пробале да побегнат преку предградијата на северозапад од Лисичанск, но руските сили ги забележале и гранатирале. Бројот на загинатите, како што наведе, ќе биде соопштен подоцна.

Дека Лисичанск е опколен потврди и украинската страна. Украинскиот Генералштаб соопшти дека нападите се случуваат околу нафтената рафинерија во градот.
Во меѓувреме, проруските сепаратисти презедоа контрола врз областа околу фабриката, објави нивниот претставник Родион Мирошник на Телеграм. Сепаратистите соопштија дека силите на Киев се повлекуваат кон северозапад, а руските војници веќе напредувале кон предградието Лисичанск.
Украинскиот Генералштаб наведе дека се борбите се водат западно од градот и дека руските сили се уште се обидуваат да воспостават контрола на клучниот пат меѓу Лисичанск и градот Бахмут. Има напади и североисточно од Бахмут и како што е наведено „украинските сили успеале да ја запрат руската офанзива на југ, каде што московските сили претрпеа значителни загуби“.
„Борби се водеа и во источниот регион Доњецк, а претходно окупираните позиции во североисточниот град Харков беа одбранети“, соопшти војската.
Поврзани содржини