ПРЕРАСПРЕДЕЛУВАЊЕТО НА ОБЕЗБЕДУВАЧИТЕ Е РЕДОВНА ПРАКСА Никоб ги отфрли како тенденциозни нападите од Гласен текстилец

Од компанијата велат дека остануваат посветени на високите стандарди за работа и давање врвни услуги од нивниот домен на работа.

376

Никоб обезбедување ги оцени како тенденциозни и крајно непрофесионални нападите кои ги лансираше денеска „Гласен текстилец“ во врска со деловната одлука на корисникот на услуги, која, како што велат, е надвор од нивна можност на влијание.

„Станува збор за промена на начинот на обезбедување од 24-часовен на 12-часовен, и од тие причини вработените во дирекцијата за физичко обезбедување на Никоб што беа ангажирани да ги обезбедуваат објектите на државната управа низ државата мораше да бидат прераспределени на други објекти што е редовна пракса кај агенциите за обезбедување. Од непознати причини мал дел од вработените одбија да бидат распределени во рамки на можностите кои во моментот ги има компанијата. Право на личен избор на секој од нив е дали тоа ќе го прифатат или не“, објасни компанијата Никоб обезбедување по прозивките од Гласен текстилец.






Од компанијата велат дека остануваат посветени на високите стандарди за работа и давање врвни услуги од нивниот домен на работа.

„Ние и понатаму ќе одговараме на барањата на сите клиенти согласно склучените договори, а според нашите високо професионални стандарди. Создавањето искривена перцепција кај читателите не е реалната слика и вистинска информација за состојбите поврзани со конкретниот настан и не е во ничија корист. За сите останати прашања вработените може во секое време да се обратат во секторите на компанијата, што е веќе 25 години воспоставена пракса. Ова е единствениот начин на кој се создава добра пракса и доверба“, се додава во реакцијата од Никоб обезбедување.

ВЛАДАТА ДА ГИ ЗАШТИТИ ОБЕЗБЕДУВАЧИТЕ ОД ПРИТИСОЦИ И МОБИНГ! Барање од „Гласен текстилец“

Поврзани содржини