Преработувачката индустрија изгуби 5,7 отсто од работниците

Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, пак, во однос на јануари – јуни 2019 година, намалувањето на бројот на работниците изнесува 4,4 проценти.

181

Бројот на работници во индустријата минатиот месец во однос на истиот месец лани е намален за 5,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, пак, во однос на јануари – јуни 2019 година, намалувањето на бројот на работниците изнесува 4,4 проценти.






Според статистиката, најголем пад минатиот месец е евидентиран во секторот „преработувачка индустрија“ опаѓање, за 5,7 отсто, по што следуваат секторите „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање, 0,9 проценти и „рударство и вадење на камен“, 0,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за еден отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 5,6, „капитални производи“ за 5,3 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 8,2 и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,5 отсто.

Поврзани содржини