📽 ПРЕПОЛНИТЕ КИНЕСКИ БОЛНИЦИ ПОТСЕТУВААТ НА ПАНДЕМИЈАТА Дали е ова детска пнеумонија или нов бран на коронавирусот?
Кои се симптомите? Според кинеските здравствени власти, новата болест би можела да се поврзе со „mycoplasma pneumoniae“, исто така познат како „одечка пневмонија“, честа бактериска инфекција кај децата која што циркулира од мај.
Мистериозна болест се шири во Кина, додека кинеското Министерство за здравство тврди дека тоа што болниците се полнат е поради грип, бактерии и слични познати болести. Во меѓувреме беа објавени слики од преполните болници каде сите носат маски и се чека на ред.
Многу деца се жалат на симптоми слични на пнеумонија, пишува британски Индепендент. Детската болница во Пекинг претходно изјави за државните медиуми ЦЦТВ дека најмалку 7.000 пациенти се примаат дневно во институцијата, што е далеку над нејзиниот капацитет.
Минатата недела, најголемата педијатриска болница во блискиот Тијанџин, наводно, примила повеќе од 13.000 деца на своите амбуланти и ургентни одделенија. Провинцијата Лиаонинг, на околу 690 километри североисточно од главниот град, исто така се бори со голем број случаи.
Светската здравствена организација (СЗО) официјално побара дополнителни информации од Пекинг за овие инфекции, а Пекинг ги достави, иако „накратко и генерално“, како што беше оценето подоцна.
Hospitals in China have been overwhelmed with an influx of cases of acute respiratory illnesses, mostly involving children. pic.twitter.com/Qn0F7Zl6So
— South China Morning Post (@SCMPNews) November 28, 2023
СЗО, исто така, во средата соопшти дека каква било врска помеѓу кластерите на недијагностицирана пневмонија и порастот на респираторните инфекции засега е нејасна.
Кинеското Министерство за здравство побара од локалните власти да го зголемат бројот на клиники за треска.
Што се случи досега? Северна Кина пријави зголемување на „болест слични на грип“ од средината на октомври, во споредба со истиот период во претходните три години, според СЗО.
🇨🇳 | Several hospitals in #China are currently overwhelmed with children suffering from a respiratory illness. According to #Chinese authorities, it is believed to be known pathogens rather than a new #virus.
🔸️ The surge in infections is attributed to the easing of certain… pic.twitter.com/hIxiVkFf0M— Breaking News (@PlanetReportHQ) November 28, 2023
На 21 ноември, јавниот систем за надзор на болести ПроМЕД издаде известување за извештаи за „недијагностицирана пневмонија“. Тоа е истиот систем кој претходно во 2019 година го вклучи алармот поради вирусот што предизвикува ковид-19.
Кои се симптомите? Според кинеските здравствени власти, новата болест би можела да се поврзе со „mycoplasma pneumoniae“, исто така познат како „одечка пневмонија“, честа бактериска инфекција кај децата која што циркулира од мај.
Симптомите на пневмонија при одење вклучуваат болно грло, замор и долготрајна кашлица која може да трае со недели или месеци. Во тешки случаи, ова на крајот може да се влоши во пневмонија.
Експертите сметаат дека најверојатно се работи за сезонска појава, но дека фалат информации за да се донесе заклучок дали болеста е поврзана со ковид-19.
Брус Томпсон, раководител на Факултетот за здравствени науки во Мелбурн на Универзитетот во Мелбурн, изјави за Ројтерс дека многу прелиминарни податоци сугерираат дека нема ништо невообичаено.
– Во оваа фаза, нема ништо што сугерира дека тоа може да биде нова варијанта на ковид – рече тој.
Марион Купманс, холандски виролог кој ја советуваше СЗО за Ковид, рече дека треба да има „повеќе информации, особено дијагностички информации“.
– Мораме да бидеме внимателни – изјави експертот.
Дејвид Хејман од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина посочи дека постои веројатно позадина на сезонски респираторни инфекции.