ПРЕПИСКА МЕЃУ ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА Шолц силно ја поддржува нашата земја, велат од СДСМ

Германија целосно стои зад Северна Македонија и ваква силна поддршка од Унијата досега не сме имале - велат од СДСМ.

320
Од владејачката СДСМ одговорија на прозивката од ВМРО-ДПМНЕ зошто не интервенирале кај својата сестринска партија за Олаф Шолц да го извади премиерот на Бугарија кога во Европскиот парламент се гласа преговори со Македонија. од СДСМ нагласуваат дека „Олаф Шолц е докажан пријател на Македонија кој силно го поддржува нашето членство во ЕУ“.





„Антиевропските ДПМНЕ и Левица се единствените кочничари на европскиот пат. Во Извештајот на ЕК јасно е потврдено дека ДПМНЕ се кочничари на реформите. Оттука, последни што можат некого да прозиваат се Мицкски и ДПМНЕ.
Канцеларот на Германија, Олаф Шолц е докажан пријател на Македонија кој силно го поддржува нашето членство во ЕУ.
Дури Канцеларот Шолц побара од ЦДУ, сестринската партија на ДПМНЕ, да влијае токму врз ДПМНЕ за усвојување на уставните измени за земјава да може да го продолжи европскиот пат.
Германија целосно стои зад Северна Македонија и ваква силна поддршка од Унијата досега не сме имале.
Но кога ДПМНЕ ги споменува Шолц и Орбан треба да го праша нивниот најблизок соработник Виктор Орбан зошто не гласал?  Доколку бил против зошто напуштил кога било гласањето за Украина?“ – стои во одговорот од СДСМ.
Поврзани содржини