Пренасочување на сообраќајот од 13 часот поради најавен протест

Протестот почнува од парк Чаир до Oсновното јавно обвинителство и ќе трае три часа.

386

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради  протест најавен да почне во 13.30 часот од парк Чаир до Oсновното јавно обвинителство,  СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Протестот е најавено дека ќе трае 3 часа.






„Затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат:  бул.Христијан Тодоровски Карпош, ул. Џон Кенеди, ул. Цветан Димов,  бул. Гоце Делчев и ул. Филип Втори Македонски, а сообраќајот ќе биде пренасочен по  околните сообраќајници“, соопшти СВР Скопје.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Поврзани содржини