„ПРЕМНОГУ СИ ОЧАЈНА, ОВА НИКОЈ НЕ ГО ПРАВИ“ Мадона ги згрози луѓето со новата фотографија со ќерка ѝ (ФОТО)

Лурдес позирала во повеќе комбинации во стил на бикини за фотосесијата со тематика од 90-те години за насловната страница за јануарското издание на магазинот „Пејпер“.

1,936

Фановите ја обвинија Мадона дека е „очајна“ откако се фотошопирала на фотографија на ќерка ѝ Лурдес Леон, или попозната како Лола.

Лурдес позирала во повеќе комбинации во стил на бикини за фотосесијата со тематика од 90-те години за насловната страница за јануарското издание на магазинот „Пејпер“.






Но, наместо на ќерка си да ѝ дозволи да биде главна ѕвезда на снимањето, Мадона го додала својот лик на местото на машкиот модел на една од фотографиите и ја споделила на својот профил на Инстаграм.

„Мојата подобра половина“, напишала Мадона, меѓутоа, ниту тоа не ги спречило следбениците да ѝ напишат многу негативни коментари.

„Престани да се обидуваш да изгледаш како да имаш 20 години. Што се случи со грациозното и достоинствено стареење?“, ѝ порачал еден од следбениците на 63-годишната пејачка.

„Другите славни лица ги уредуваат фотографиите, но не така што ќе изгледаат како да имаат 20, иако имаат 63 години. Никој од јавните личности освен тебе не го прави тоа“, „Премногу си очајна. Те молам престани“, се нижеле коментарите.

Меѓутоа, од друга страна, фотографијата им се допадна на 400.000 следбеници, а брои и коментари кои ја величат кралицата на поп-музиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOLA (@lourdesleon)

Инаку, очигледна е сличноста меѓу славната мајка и ќерката. Лурдес иако не сака многу да се појавува во јавноста, веќе стана заштитно лице на многу модни брендови и се појави на насловните страници на престижни магазини, меѓу кои и на „Вог“.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини