Преминот Стрезимир-Рестилица ќе биде отворен од 18 јули до 1 септември

Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора бараат преминот да има постојан граничен режим, што значи да биде отворен 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.

296

Граничниот премин Стрезимир-Рестилица на македонско-косовската граница, од 18 јули до први септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји, информираше за МИА Медат Куртовски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.

Преминот ќе биде отворен секој ден од 8 до 20 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил).






Преминот кој подолг период воопшто не функционираше, беше отворен во истиот перод 2018, потоа и следната година, додека лани поради пандемијата не беше отворен.

– Како општина ќе продолжиме со активно лобирање за постојано функционирање на овој граничен премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Македонија-Албанија- Косово – рече Куртовски.

Преминот Стрезимир-Рестилица, како привремен, официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Но, поради несоодветната патна инфраструктура, фрекфенцијата беше минимална.

Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора бараат преминот да има постојан граничен режим, што значи да биде отворен 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.

Поврзани содржини