ПРЕМИЕРСКАТА ОСТАВКА ЌЕ ПОЧЕКА Заев прво сака да се договори со Алтернатива и да види што ќе биде со Бугарија

3,454

Оставката на Зоран Заев од премиерската функција ќе зависи од тоа кога ќе завршат преговорите со Алтернатива за парламентарното мнозинство и од преговорите со Бугарија, изјави тој за Телевизија Телма.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција , да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми.






Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од Заев, по поднесената оставка во партијата, да поднесе оставка и во Владата.

Поврзани содржини