Премиерот Заев ќе се вакцинира денеска во салата „Борис Трајковски“

Од Владината прес служба која информираше за вакцинирањето на премиерот не соопштија со која вакцина.

606

Премиерот Зоран Заев прв од владините функционери ќе се вакцинира на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“.

Од Владината прес служба која информираше за вакцинирањето на премиерот не соопштија со која вакцина ќе се вакцинира. На располагање се вакцините  Спутник , Синофарм и Фајзер.






Настанот ќе се реализира во 12 часот во присуство на новинари и фоторепортери.

Министерот за здравство најави дека министрите ќе бидат следни на распоред за вакцинирање, а тој најави дека ќе се вакцинира со кинеската вакцина Синофарм.

 

 

Поврзани содржини