Премиерот задоволен што ДУИ исчекори од етничката агенда кон граѓанинот

350

Премиерот Зоран Заев денеска изрази задоволство поради тоа што најголемата албанска политичка партија ја заокружува етничката агенда и се насочила кон граѓанинот. Тој денеска по увидот на реконструкцијата на патниот правец Кавадарци-Дреново, одговарајќи на новинарско прашање даде коментар во однос на Зелената агенда на Демократската унија за интеграција, која вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети на 19. роденден на партијата ја промовираше како еден од приоритетните столбови на претстојните локални избори.  

– Доста беше Албанци, Македонци, Срби, Турци, Власи. Во државата имаме граѓани. Сакам да го поздравам тоа заради тоа што е исчекор, а посебно кога доаѓа од најголемата владејачка партија од албанскиот политички блок. Многу е значајно кога политичарите излегуваат јавно и го даваат својот збор. Тогаш тоа значи нивен завет и обврска и во пракса да го спроведат. Тоа го мислам пред се за СДСМ, но и за ДУИ и за сите други политички партии. Истовремено ги препознавате нивните политики на градење на зелената агенда на Владата – рече Заев. 






Тој потенцираше дека граѓаните од СДСМ и ДУИ, но и од БЕСА и ДПА и сите други партии што се во коалиција во иднина очекуваат јакнење на работниците, јакнење на зелените агенди, заштита на животната средина, развој на економијата преку зелената економија или зелената агенда.

 

Поврзани содржини