Премиерот Рама ја прими првата доза од вакцината против ковид-19 (ВИДЕО)

Во текот на денот ќе бидат вакцинирани 50 здравствени работници по што продолжува во следните денови а се опфатени лекари и медицински сестри од Инфективната клиника или ковид еден болница и „Шефќет Ндроќи“ или две ковид болници.

220

Албанскиот премиер Еди Рама и началничката на Инфективната клиника во Тирана, Најада Чомо први ја прмија вакцината против ковид-19,со што означен е почетокот на имунизацијата против опасниот вирус во земјата.

Прва се вакцинира познатата докторка, Чомо, која од почетокот на пандемијата е на првата линија во битката со невидливиот непријател, потоа премирот Рама, па познатите инфектолози Пелумб Пиперо и Тритан Кало.






Вакцината ја добија во една од 60-те кабини кои се поставени во стадионот „ Ер Албанија“ во Тирана, каде ќе се реализира имунизацјата, која почна со количина од 975 дози.

Иако претходно Рама рече дека тие се донација од пријателска земја која не сака јавно да и се каже името, сепак, според медиумите, кажал дека дека овие и уште две илјади дози, кои ќе прстигнат деновиве, се донација од прјателска Австрија.

Во текот на денот ќе бидат вакцинирани 50 здравствени работници по што продолжува во следните денови а се опфатени лекари и медицински сестри од Инфективната клиника или ковид еден болница и „Шефќет Ндроќи“ или две ковид болници.

– Ќе се вакцинирам, можеби преку ред, зашто прво со оваа имунизација планирано е да се опфатат здравствените работници, но тоа ќе го сторам во знак на сенсибилизација за сите скептици. Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно, туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател – рече претходно Рама на прес конференција.

Додаде дека министерката за здравстсво Огерта Манастирлиу како и сите други „ќе чекаат ред, зошто не може да влезат и да го земат она што им припаѓа на лекарите, медицинските сестри, полицајците“.

Вакцинацијата против ковид-19 во Албанија е бесплатна и се добива на доброволна база. На почетокот на следната недела ќе прстигнат 10.750 дози вакцина договорени со „Фајзер“.

Поврзани содржини