🎥 ПРЕМИЕРОТ ОД ПАТОТ ОД 25,5 КИЛОМЕТРИ ГИ ЧЕСТИТА ПРАЗНИЦИТЕ Ќе го зајакнеме своето место на Балканот како важен транспортен коридор

868

Премиерот Христијан Мицкоски сподели видео од експресниот пат Крива Паланка-Куманово кој вчера свечено беше пуштен во употреба, честитајќи ги од таму празниците кои претстојат.

„Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Aleksandar Nikoloski е новиот експресен пат Чатал – Длабочица – Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија.

Со вакви проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор.
Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура.

Ветивме и исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на народот.
Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати“, порача премиерот.

Поврзани содржини