Премиерот на Шведска заврши во изолација, државата воведува мерки! Не успеа моделот на кој му се восхитуваше Европа?

Развојот на ситуацијата оди во погрешна насока и брзо. Има сè повеќе заразени. Сè повеќе луѓе умираат, ова е сериозна ситуација - истакна Лофвен.

1,616

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, се повлече на „заштитна самоизолација“, иако се покажа дека лицето со кое беше во близок контакт, и кое било во контакт со заразениот, е негативно на вирусот ковид-19.

Лофвен ја објави информацијата за повлекување во изолација на „Фејсбук“, на денот кога се очекува бројот на мртви во оваа земја да надмине 6.000 лица.






– Развојот на ситуацијата оди во погрешна насока и брзо. Има сè повеќе заразени. Сè повеќе луѓе умираат, ова е сериозна ситуација – истакна Лофвен.

Тој рече дека по совет на лекар, тој и неговата сопруга Ула се повлекле во самоизолација.

– И ќе останам во изолација некое време. Добро сме, немаме никакви симптоми, но наскоро ќе бидеме тестирани. Тоа е најодговорната работа што можеме да ја направиме во оваа ситуација – рече премиерот и додаде дека едно лице блиско до него било во контакт со заразеното лице.

Освен што Премиерот се повлече во самоизолација, веста е дека Шведска, како и многу земји во Европа, одлучи да воведе нови мерки со цел да спречи понатамошно ширење на вирусот. Иако тие не воведуваат целосна блокада како и многу други земји на Стариот континент, изненадувачки е што тие воопшто се решија на ваков чекор, со оглед на тоа што не воведоа рестриктивни мерки во првиот бран.

Тие донесоа одлука за ограничување на бројот на луѓе кои можат да седат на иста маса во рестораните, а на граѓаните им беше речено да не се посетуваат или да организираат забави, да избегнуваат влегување и престој во продавници и музеи и да избегнуваат патување и влегување во возила со јавен превоз. На работодавачите им е наредено да обезбедат побезбедни услови за вработените.

– Швеѓаните мора да разберат дека она што се случува во Европа може да се случи и тука. Гледаме дека бројките скокаат, и мора да се справиме со тоа. Мора да разберете дека целта е да се запре пандемијата – рече министерката за здравство, Лена Халгрен.

Да потсетиме, за време на првиот бран, додека цела Европа беше под блокада во Шведска, беа отворени училиштата, кафулињата, спортските сали … Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е неколку пати поголема отколку во нејзините нордиски соседи, но пониска од земјите како Шпанија, Италија и Велика Британија, кои се одлучија за „заклучување“.

Во Шведска, во последните 24 часа, се потврдени 4.034 нови случаи на ковид-19, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијатас.

Во истиот временски период, уште пет лица починаа како резултат на вирусот, вкупно 6.002 од почетокот на пандемијата.

Последното највисоко дневно салдо беше потврдено на 29 октомври, кога имаше 3.254 нови случаи.

Шведска во последниве недели во неколку наврати пријави највисоко дневно зголемување на бројот на новоинфицирани со коронавирусот, додека бројот на смртни случаи и хоспитализирани пациенти исто така започна да расте.

Поврзани содржини