ПРЕМИЕРОТ НА ШВЕДСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Лофвен се повлече и од лидерската позиција на социјалдемократите
Лидерската функција во Социјалдемократската партија тој веќе ѝ ја предаде на Магдалена Андерсон, а аналитичарите проценуваат дека таа ќе го наследи Левен и на чело на владата.
Шведскиот премиер Стефан Лофвен денеска поднесе оставка и најверојатно негов наседник ќе биде министерката за финансии, Магдалена Андерсон.
Лидерската функција во Социјалдемократската партија тој веќе ѝ ја предаде на Магдалена Андерсон, а аналитичарите проценуваат дека таа ќе го наследи и на чело на владата.
На Лофвен на крајот на јуни му беше изгласана недоверба, но неговата влада доби поддршка од малцинствата и тој повторно беше назначен за премиер. Со оваа постапка беа избегнати предвремени избори
Тој ја предводеше малцинската коалиција од 2014 година и на почетокот на годинава најави дека ќе се повлече пред следните избори, закажани за септември 2022 година, пренесува „АФП“.