ПРЕМИЕРОТ НА САРАЕВСКИОТ КАНТОН ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Возачот на трамвајот пуштен на слобода

60

Премиерот на Сараевскиот кантон, Нихад Ук, поднесе оставка додека во Сараево трет ден по ред се одржуваат протести по трагичната трамвајска несреќа во која загина 23-годишно момче, а четири лица беа повредени.

Тој рече дека не бега од одговорноста и дека со овој чин сака да ја врати вербата во системот кој, како што рече, може и мора да биде транспарентен, фер и безбеден.






Во меѓувреме, возачот на трамвајот Аднан Касаповиќ е ослободен откако Кантонскиот суд во Сараево го отфрли барањето на Обвинителството на Сараевскиот кантон за определување притвор. Ден претходно, Обвинителството побара 30-дневен притвор, тврдејќи дека причина за несреќата е човечки фактор. Возачот се изјасни за невин и изјави дека несреќата е предизвикана од техничка неисправност на трамвајот.

На 12 февруари во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина, трамвај излета од шините и ја урна трамвајската постојка, при што загина едно лице, а неколкумина беа повредени.

Дента по несреќата, стотици граѓани, вклучително голем број ученици и студенти, се собраа на местото на настанот и накратко го блокираа сообраќајот, оддавајќи ѝ почит на жртвата и барајќи итни мерки од властите.

 

Поврзани содржини