Премиерот на Црна Гора: Нашата земја е изложена на брутален напад!

Тој оцени дека во изминативе два дена во повеќе градови дошло до масовно кршење на здравствените наредби и мерките за сузбивање на коронавирусот.

520

Црна Гора е изложена на брутален напад, истакна црногорскиот премиер Душко Марковиќ, говорејќи за немирите кои последните два дена се случуваа во повеќе градови ширум земјата, поради апсењето на владиката Јоаникиј, неколку свештеници и граѓани, пренесе „Блиц“.

Тој оцени дека во изминативе два дена во повеќе градови дошло до масовно кршење на здравствените наредби и мерките за сузбивање на коронавирусот.






– Сè што постигнавме за три месеци посветена работа и заедничко одрекување, сега е доведено во прашање – рече Марковиќ.

Стравувајќи дека за десетина дена Црна Гора би можела повторно да се најде во иста ситуација во која беше пред два месеци, со голема опасност и последици по здравјето и животите на сите, Марковиќ рече дека смета оти нема разумно објаснување, ниту оправдување за ваквото однесување и неговите актери.

– Повеќе припадници на полициските сили, штитејќи го законот, редот и мирот, се нападнати и повредени од екстремисти – рече премиерот.

Марковиќ не верува во верска позадина на еден дел од СПЦ во Црна Гора.

Поврзани содржини