ПРЕМИЕРОТ, МИНИСТРИТЕ И ПРАТЕНИЦИТЕ ДА НЕМААТ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Опозициската СДСМ најавува иницијатива за законски измени

Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму, порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

222

СДСМ најавува иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен услов – премиер, вицепремиери, министри и пратениците да можат да бидат лица кои само поседуваат македонско државјанство.

– Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми Македонци и помали, а Божиновска била најголема Македонка, тие измени ќе бараме да важат веднаш, од актуелниот состав. Нашите институции мора да ги водат луѓе кои имаат само една држава, и лојалност кон само една држава, кон Република Северна Македонија. Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму. Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот, на државата и на иднината на оваа земја. Затоа, бараме веднаш Божиновска да поднесе оставка и повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа иницијатива за да осигураме дека само луѓе кои искрено стојат зад државата ќе можат да ја водат државата – рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

Поврзани содржини