📷ПРЕМИЕРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГО ДОЧЕКАА ВЕЛИГДЕН ВО ОХРИД Ја славиме победата на животот над смртта со вера, радост и со благодарност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоси синоќа го дочекаа Христовото воскресение, Велигден во црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид.

1,013

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоси синоќа го дочекаа Христовото воскресение, Велигден во црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид.

Со нив беа вицепремиерот Александар Николоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски.






Фото: Фејсбук страница на премиерот Христијан Мицкоски

Тие на своите страници на Фејсбук објавија фотографии од велигденската атмосфера и честитки до сите христијани.

Претседателката Сиљановска Давкова напиша дека го дочекале Христовото воскресение, со смирение и духовна радост во возвишената атмосфера на црквата „Св. Богородица Перивлепта“, под светлината на свеќите и со молитви во срцата.

Фото: Фејсбук страница на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

„Како стожер на верата, Христовото воскресение, кај секој христијанин веќе два милениума е симбол на животот и ги крепи нашата верба и надеж, инспирирајќи нè да ја негуваме духовноста и да даруваме љубов секому и секаде. Фактот што токму годинава сите христијани го прославуваат Велигден на ист датум нека биде поттик за сплотеност како кај нас, така и во целиот свет. Верувам дека вдахновени од големиот празник ќе најдеме енергија и сила да се соочиме со сите предизвици и искушенија, покажувајќи солидарност и заедништво. Христос воскресна! Навистина воскресна“, напиша претседателката Сиљановска Давкова.

Фото: Фејсбук страница на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

И премиерот Мицкоски објави дека го дочекал Велигден заедно со охриѓани.

„Нека светлината од Воскресението на Христос донесе мир, љубов и надеж кај сите! Да ја славиме оваа победа на животот над смртта со вера, радост и благодарност. Христос воскресна! Навистина воскресна!“

Фото: Фејсбук страница на премиерот Христијан Мицкоски
Фото: Фејсбук страница на премиерот Христијан Мицкоски
Поврзани содржини