ПРЕМИЕРОТ И АХМЕТИ ВО ЗЕЛЕН АМБИЕНТ Продолжуваме заедно како партнери

411

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот фејсбук профил упати честитка за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција.

„Честитки за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција за единство и за значајното учество во унапредување на демократските процеси и за учеството во остварувањето на стратешките интереси на земјата“, пишува Ковачевски.

 






Тој напомена дека ќе продолжат заедно како партнери во владината и парламентарната коалиција.

„Со полн капацитет носиме политики и решенија за сериозните актуелни предизвици и во справувањето со глобалната економска и енергетска криза“, напиша на Фејсбук Ковачевски.

Поврзани содржини