ПРЕМИЕРОТ ГОЛОБ СЕ ОЖЕНИ СО ПОРАНЕШНА МИС НА СЛОВЕНИЈА Сопругата е активистка за правата животните

Церемонијата, која словенечките медиуми ја нарекоа „свадба на годината“, ја водеше градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

461

 

Словенечкиот премиер Роберт Голоб и неговата партнерка, поранешната мис Словенија, Тина Габер, денеска се венчаа во вилата „Тартини“ во Струњан, на јадранскиот брег меѓу Изола и Пиран.






Церемонијата, која словенечките медиуми ја нарекоа „свадба на годината“, ја водеше градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

На свадбената прослава, покрај семејството и пријателите на младенците, присуствуваа и министри и потпретседатели на словенечката влада – министерот за финансии Клемен Боштјанчиќ и министерот без ресор Матеј Арчон, како и европската комесарка за проширување Марта Кос.

Голоб (58) и Габер (39) во јавноста првпат се појавија како пар во февруари 2023 година, а медиумите потоа пишуваа за нејзиното влијание врз носењето на законот за заштита на животните.

Покрај активностите во областа на заштита на животните, Габер е позната и како инфлуенсерка.

Во Струњан, освен обезбедувањето на премиерот, беа распоредени и дополнителни полициски патроли, а според словенечките медиуми, на свадбата употребата на мобилни телефони била ограничена со цел заштита на приватноста.

Голоб е првиот словенечки премиер кој стапува во брак додека е на функција. Неговиот мандат истекува напролет следната година.

Поврзани содржини