ПРЕМИЕРОТ ГО ПОСЕТИ МАНАСТИРОТ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ Посакувам здравје, мир и благосостојба за сите
Пресветата Богородица е заштитничка на Општина Крива Паланка и на овој голем празник, денеска од манастирот Свети Јоаким Осоговски, упатувам искрена честитка до сите христијански верници. Посакувам добро здравје, мир и благосостојба за сите. Нека е за многу години празникот, порача премиерот во честитката.
Премиерот Димитар Ковачевски, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, денеска го посети манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, од каде упати честитка до христијанските верници.
Можеби ќе ве интересира
„Денешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица е празник на почит, љубов, разбирање, зацврстување на нашата волја да правиме добри дела. Пресветата Богородица е заштитничка на Општина Крива Паланка и на овој голем празник, денеска од манастирот Свети Јоаким Осоговски, упатувам искрена честитка до сите христијански верници. Посакувам добро здравје, мир и благосостојба за сите. Нека е за многу години празникот“, порача премиерот во честитката.