Премиерката на Србија Ана Брнабиќ меѓу првите ќе се вакцинира за ковид -19

Вакцинирањето ќе се врши со вакцината на Фајзер.

370

Во Србија денеска почнува вакцинацијата против коронавирус, а  приви ќе ја примат старите лица во домовите во Белград и Нови Сад. Од политичкиот врв со вакцината на  Фајзер ќе се вакцинираат премиерката Ана Брнабиќ и министерката за труд Дарија Кисиќ – Тепавчевиќ.

Како што е најавено, тие ќе ги примаат вакцините во 11 часот, а настанот ќе биде емитуван во живо.






Србија инаку најави дека покрај оваа вакцина ќе набави и вакцини од други производители, па така, како што најави српскиот претседател Александар Вичиќ за да се стекне мислење кај населението дел од политичкиот врц ќе се вакцинира и со овие вакцини.

Поврзани содржини