ПРЕМИЕРКАТА НА ФИНСКА НА РОК КОНЦЕРТ Сана Марин во рокерско издание (ФОТО)
Станува збор за рок фестивал кој се одржува секоја година на островот Руисало во Турку, Финска.
Премиерката на Финска, Сана Марин, се појави во рокерско издание на познатиот фестивал. Станува збор за рок фестивал кој се одржува секоја година на островот Руисало во Турку, Финска. „Руисрок“, основан во 1970 година, е вториот најстар рок фестивал во Европа и најстар во Финска.

Годинава фестивалот започна на 8 јули, а заврши вчера.
View this post on Instagram
Официјалниот инстагрампрофил на фестивалот објави црно-бела фотографија на која премиерката позира во тексас искинати шорцеви, маица, кожена јакна и чизми.
Сана претходно се огласи на Инстаграм објавувајќи фотографија со сопругот со порака дека „празниците можат да започнат“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм