ПРЕМИЕРКАТА НА ФИНСКА ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА Средби на Сана Марин со државниот врв

152

Премиерката на Финска, Сана Марин, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија.

Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе има билатерален состанок на двете делегации.






Финската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

И претседателот Стево Пендаровски ќе ја прими премиерката Марин.

Поради официјална посета на финската делегација, во Скопје е биде воведен посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје на Скопје

МВР  апелира сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.

 

Поврзани содржини