ПРЕМИЕРКАТА НА БАНГЛАДЕШ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И ПОБЕГНА ОД ЗЕМЈАТА Крвавиот протест ескалираше, началникот на армијата ќе ѝ се обрати на нацијата
Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, поднесе оставка по ескалацијата на протестите кои траат веќе неколку недели и во кои загинаа голем број луѓе.
Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, поднесе оставка и ја напушти земјата, пишува Ројтерс.
Таа го направи тоа по ескалацијата на протестите кои траат веќе неколку недели и во кои загинаа голем број луѓе.
Претходно, интернетот и мобилните услуги беа блокирани низ Бангладеш, а антивладините демонстранти најавија марш кон главниот град Дака.
Се очекува денеска на граѓаните да им се обрати началникот на армијата на Бангладеш, генерал Вакер Уз Заман.
Бројот на загинати од почетокот на демонстрациите во Бангладеш се искачи на најмалку 300 бидејќи 94 лица во неделата загинаа во судирите меѓу демонстрантите и поддржувачите на владата.
За потсетување, демонстрациите почнаа кога студентите бараа прекин на системот на квоти за државните работни места, но судирите меѓу полицијата и провладините активисти прераснаа во насилство во кое минатиот месец загинаа повеќе од 200 луѓе.
Ова поттикна повеќе протести во кои се бара одговорност од владата, кои прераснаа во повици за оставка на премиерката.
ХАОС ВО БАНГЛАДЕШ, 300 МРТВИ Дојде време за конечна пресметка меѓу демонстрантите и власта