ПРЕМИЕРЕ, СТАНУВАТЕ ПРИЧИНА ЗА БРОЈНИ ЗАКАНИ ОД МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ШТО ГИ ДОБИВАМ ВО СМС-ПОРАКИ Адеми му се обрати на Мицкоски

Ова е последен пат кога реагирам на ова прашање, отсега, фактите и правдата ќе го дадат одговорот, објави новинарот Невриј Адеми на својот профил на Фејсбук.

222

Новинарот Невриј Адеми ги отфрли обвинувањата дека со заканувачки и навредлив тон ѝ се обрати на министерката за образование и наука Весна Јаневска кога пред неколку дена на настан во Тетово ѝ се обрати со зборовите „Ти кажавме кога ќе доаѓаш во Тетово да земеш преведувач“.

Тој во објава на Фејсбук адресирана до премиерот Христијан Мицкоски вели дека обвинувањата кон него се обид да се одвлече вниманието од суштинскиот проблем.






„Неприфатливо е јавна функција, избрана со гласови и платена од даноците на граѓаните, да ја избегнува одговорноста да комуницира на јазикот на секој граѓанин на оваа земја. Моето барање е едноставно и фер: почитување на мојот мајчин јазик – албанскиот. Наместо да одговорат на ова елементарно барање, тие се обидуваат да ме етикетираат и да ме дискредитираат. Ова не е само неправедно, туку е и јасен показател за недостатокот на волја за еднаквост и институционално почитување“, пишува Адеми во објавата на Фејсбук.

Нема да замолчам пред неправдата и да се повлечам од своето барање за еднакви права, додава тој.

„Ова е последен пат кога реагирам на ова прашање. Отсега, фактите и правдата ќе го дадат одговорот“, пишува Адеми и додава:

„Драг премиере, станувате причина за бројни закани од македонски граѓани што ги добивам преку СМС-пораки. Затоа, одговорноста паѓа на вас“ се вели во објавата на Адеми.

Поврзани содржини