ПРЕМИЕРА НА „ОВА Е САМО КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ ВО ДРАМСКИ Семејна психолошка драма во режија на Теа Беговска

„Ова е само крајот на светот“ е активна, современа, длабоко емотивна тема во која членовите на семејството се толку блиску еден до друг физички, а секој живее во својата вселена.

35

Премиерата на претставата „Ова е само крајот на светот“ ќе се игра на 7 март во 20 часот во Драмски театар.

Режисерката Теа Беговска на вчерашната прес-конференција се заблагодари за можноста да ја работи „Ова е само крајот на светот“ како прва продукција на Драмски во годината кога театарот ја одбележува 80-годишнината. Таа рече дека станува збор за семејна психолошка драма на францускиот автор Жан-Лик Лагарс напишана во 1995 година. Овој текст за прв пат се поставува во Драмски театар Скопје.






Актерската екипа ја сочинуваат актерите на Драмски: Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ.

Преводот и адаптацијата на текстот „Ова е само крајот на светот“ ги направи режисерката Теа Беговска, а во уметничкиот дел од тимот на претставата работеше сценографката и костимографка Надја Василева-Ковачовска, гостинка од Бугарија. Музиката во претставата е на Енес Беговски. Мултимедијалниот дел и видеоматеријалот ги подготвија: оператор на камера Велимир Стојановски, видеооператор Матеј Трајковски и технички координатор Михаил Узунов. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска.

„Ова е само крајот на светот“ е активна, современа, длабоко емотивна тема во која членовите на семејството се толку блиску еден до друг физички, а секој живее во својата вселена. Од медиумски аспект, претставата е хибрид на театарски и филмски елементи што публиката ќе ги следи преку видео проекции.

Актерката Билјана Драгиќевиќ-Пројковска го игра ликот на мајката.

– Претставата е еден емоционален ролеркостер во која гледачите во 90 минути ќе можат да ја почувствуваат илузијата на едно семејство и да посведочат како со премолчување семејството ги споделува работите, најчесто со одложување на вистината – рече таа.

Првата реприза на претставата „Ова е само крајот на светот“ е закажана на 12 март, а наредната изведба на редовниот репертоар на театарот ќе биде на 21 март.

Поврзани содржини