ПРЕМИЕРА НА „МОЈОТ ВУЈКО СТИВ НАУМОВ“ Документарецот беше прикажан во Кино Манаки по повод Денот на ослободувањето на Битола

Во филмот за животот и делото на херојот зборува неговиот внук од сестра, Стефан Бошков, претседател на Општинската организација на Сојузот на борци во Битола.

107

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, вечерва во Кино Манаки премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“.

Филмот е посветен на животот и делото на народниот херој Стефан Наумов – Стив, учесник во НОБ, кој загина во 1942 година во борба со бугарската полиција. За неговиот придонес, Наумов е прогласен за народен херој на Југославија на 29 јуни 1945 година, а неговото име останува длабоко врежано во историјата на Македонија и на Битола.






Документарецот е во продукција на Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ – Битола, а снимен е на повеќе локации низ градот. Во филмот за животот и делото на херојот зборува неговиот внук од сестра, Стефан Бошков, претседател на Општинската организација на Сојузот на борци во Битола.ж

 

Авторите на филмот, Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ, изјавија дека нивната цел е преку вакви проекции да го поттикнат интересот кај битолчани да ја почувствуваат убавината и возбудата на киното како колективно искуство.

Ова е трет заеднички проект на авторите Младеновиќ и Мемиш, кои најавија дека до крајот на годината ќе бидат реализирани и неколку нови документарни филмови посветени на значајни личности и настани од македонската историја.

Поврзани содржини