ПРЕДЛОЖЕНО УКИНУВАЊЕ НА РОАМИНГОТ ЕУ – ЗАПАДЕН БАЛКАН Следат преговори за билaтерални договори со секоја земја

Како што беше најавено, откако договорите ќе бидат финализирани и целосно усогласени со правилата за роаминг на ЕУ, нема да има дополнителни трошоци за роаминг за повици, СМС-пораки и користење на мобилни податоци при патување во земјите од ЕУ.

215

Европската комисија предложи отворање преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија за укинување на роамингот.

Со усвојувањето на предлогот за преговарачки мандати денеска, Комисијата бара од Советот одобрение за отворање преговори со земјите од Западен Балкан.






Откако Советот ќе ја усвои одлуката, Комисијата ќе преговара за билатерални договори со секој партнер поединечно.

Како што беше најавено, откако договорите ќе бидат финализирани и целосно усогласени со правилата за роаминг на ЕУ, нема да има дополнителни трошоци за роаминг за повици, СМС-пораки и користење на мобилни податоци при патување во земјите од ЕУ.

Ова ќе значи поврзување по домашни цени не само за граѓаните и деловните субјекти од Западен Балкан кои ја посетуваат ЕУ, туку и за патниците од ЕУ до земјите од Западен Балкан.

Информацијата ја објави и Марта Кос, европска комесарка за проширување која напиша на Икс  дека роаминг трошоците се проблем низ целиот Западен Балкан.

„Неочекуваните сметки за време на патувањето се нешто што повеќе не го прифаќаме во ЕУ. Денес предложивме да започнеме преговори со цел да се прошири овој режим и на Западен Балкан“, напиша таа.

Предлогот на Комисијата има за цел да ги надгради и подобри постојните доброволни обврски за роаминг помеѓу поединечните мобилни оператори во ЕУ и Западен Балкан.

 

Поврзани содржини