Прелиминарните резултати на пробите покажуваат дека петдневното лекување со „ремдесивир“ им помага на болните од ковид-19 (ВИДЕО)

1,908

Денеска, среда 29 април, компанијата Gilead Sciences, која го произведува лекот „ремдесивир“, ги соопшти прелиминарните резултати од клиничкото испитување на лекот на 397 заболени пациенти од ковид-19, кои се водат како тешки случаи, јави Си-Ен-Би-Си.

Резултатите покажуваат дека кај најмалку 50 отсто од пациентите кои добиле петдневна доза „ремдесивир“ има подобрување, а повеќе од половината од пациентите се пуштени од болница во рок од две недели, внимателно соопшти производителот.






Овој лек се испитува во повеќе студии во светот. Во почетокот на април, протекоа информации за успешна примена на овој лек во Универзитетот во Чикаго.

И д-р Антони Фаучи, советникот за здравство на Белата куќа, позитивно ги прокоментира прелиминарните резултати.

„Ремдесивир“ се испитува и во рамките на глобалната студија на Светската здравствена организација наречена „Солидарити“. Македонија и официјално е дел од таа студија. Но, пред неколку дена министерот Венко Филипче соопшти дека кај нас лекот се уште не е стасан.

Поврзани содржини