ПРЕЛЕЖАЛ ХИВ И ОСТАНАЛ ЖИВ Втор човек во историјата успеа да се избори без лекови

Човекот, всушност е 30-годишна жена, позната како Есперанца, чиј имун систем, веројатно има доволно јаки Т-клетки кои можат да го спречат ХИВ-вирусот да се репродуцира и да стане опасен.

602

Вторпат во историјата човек успеа да се избори со ХИВ-вирусот без притоа да зема ретровирусни лекови и терапии, а благодарение на неговиот силен имунолошки систем, пишува ИФЛ Наука. Новиот „чудо од човек“, всушност е 30-годишна жена чиј партнер починал од СИДА. Таа е позната како пациентот Есперанца и веројатно поседува многу јаки Т-клекти кои спречуваат репродукција на вирусот.

На Есперанца, првично ХИВ ѝ бил дијагностициран во 2013 година и таа отишла на антиретровирусна терапија (АРТ) додека била бремена во 2019 година, но не била лекувана пред и потоа. Во текот на четири години, д-р Ксу Ју од Општата болница во Масачусетс со тимот секвенционирале 1,2 милијарди крвни зрнца од пациентката и 500 милиони нејзини ткивни клетки.






Ју не можела да најде геном на ХИВ во состојба да се репродуцира во телото на Есперанца, дури и ако имунитетот што го контролираше опаднал. Вирусот го немало во 150 милиони ЦД4+ Т-клетки, каде обично престојува. Сепак, била пронајдена една хипермутирана вирусна секвенца, што докажува дека оригиналната дијагноза на инфекцијата не била грешка.

Елиминацијата на вирусот се нарекува „лек за стерилизација“. Ју рече во изјавата. Сепак, весникот „Annals of Internal Medicine“ забележува:

„Отсуството на докази за недопрени ХИВ-1 провируси во голем број клетки не е доказ за отсуство на ХИВ-1 инфекција. Стерилизирачки лек за ХИВ-1 никогаш не може емпириски да се докаже“.

Есперанца заедно со еден пациент од Сан Франциско кој лани го прележал вирусот се и двата екстремни примери на „елитни контролори“, чиј имунолошки систем може да спречи ХИВ да достигне опасни нивоа без да бараат терапија. Ју ја истражува можноста за заедништво помеѓу Т-клетките убијци на овие двајца пациенти.

– Сега гледаме на можноста за поттикнување на овој вид имунитет кај лицата кои се на терапија преку вакцинација, со цел да го научиме нивниот имунолошки систем да може да го контролира вирусот без терапија – вели таа.

Инаку познато е дека луѓето кои земаат терапија против ХИВ мораат да ја земаат до крајот на животот. Сега тоа може да се смени со нова вакцина. Во меѓувреме, две лица исто така беа излечени од ХИВ-вирусот преку третман со матични клетки.

Поврзани содржини