ПРЕКУ ВИБЕР МУ ПИШУВАЛЕ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЈАТ Двајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново, ОЈО бара мерки

Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице -градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв, велат од Обвинителството.

391

Поведена постапка против двајца браќа кои му се заканувале на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими дека ќе го убијат со што сториле кривично дело загрозување на сигурноста.

„Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице -градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв. Откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани дека ќе нападнат по неговиот живот и тело“, информираа од Јавното обвинителство






Оттаму додаваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, обврска да се јавуваат кај надлежен орган, забрана за влез во седиштето на општина Арачиново, како и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетениот градоначалник.

Поврзани содржини