ПРЕКУ УСТАВОТ БУГАРИЈА ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА Тоа ќе биде дефинитивен крај на циклусот од 30 години независност
„Зошто сме слепи пред тој факт?“, прашува Панде Колемишевски во колумна во „Нова Македонија“.
„Со влегувањето на Бугарите во македонските политички граници и со нивното директно учество и мешање во македонските работи ќе заврши еден историски циклус што траеше речиси сто и повеќе години. Ќе заврши еден историски период, зашто во Уставот не влегуваат само запишаните 3.500 македонски Бугари. Преку Уставот државата Бугарија влегува во Македонија користејќи ги сите агресивни права, заменувајќи го полека македонскиот политички и општествен простор со бугарски“, пишува Панде Колемишевски во колумна во „Нова Македонија“.
Колемишевски праѓува зошто сме слепи пред тој факт и додава:
„Тој чин ќе го означи и дефинитивниот крај на циклусот од триесетте години независност и самостојност. Завршува тој краток и во основа неуспешен циклус, со испуштена шанса да ја постави државата на поцврсти темели. Се затвора таа историска страница. Ќе се брише старата и ќе почне да се создава новата државна историја, ќе почне нов историски циклус, далеку понеизвесен, независно дали ќе има бугарски, европски или друг меѓународен печат. Најмалку ќе има македонски. Кој овој навестен историски процес не го согледува, ништо друго не може да види“.
Целата колумна прочитајте ја на овој ЛИНК.